Кога ќе гледаме 1/2 финале во ЛШ? УЕФА ги објави датумите, а вие планирајте си!

0
332

УЕФА ги објави конкретните датуми за спроведување на полуфиналните средби во Лигата на шампионите.

Првиот дуел е на 30 април и во него Тотенхем ќе го пречека Ајакс на новиот стадион во Лондон.

Ливерпул ќе гостува на „Камп Ноу” на 1 мај, по што ја пречекува Барселона на „Енфилд” на 7 мај. Ден подоцна е и реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем.

uefA

Натпреварите на Ливерпул и Тотенхем од 37-то коло на Премиер лигата ќе треба да бидат презакажани, бидејќи по програма Ливерпул требаше да имаат посета на Њукасл на 5 мај, а „петлите” да гостуваат на Борнемут на 6-ти .

Големото финале е на 1 јуни на „Ванда Митрополитот” во Мадрид, на стадионот на Атлетико.

Коментирај