Кога и каде треба жената да доминира?

0
329

ИЗЛЕГУВАЊЕ

Иако поминувањето на вечерта е заеднички договор, барем еднаш преземете иницијатива и испланирајте ја цела вечер. Тоа сигурно ќе го воодушеви.

СЕКС

Динамичниот секс секогаш е полн погодок, па затоа излезете од рутината и изберете поза во која вие ќе доминирате. Освен тоа, може да иницирате секс во необично време и место.

ПАТУВАЊЕ

Жените сакаат изненадувања, но понекогаш треба да биде обратно. Изненадете го својот партнер со излет или предложете му патување на место каде ќе уживате и двајцата. Ако доволно добро го познавате својот партнер, уплатете за двајцата и не му кажувајте каде точно го водите.

ФИНАНСИИ

Кога станува збор за пари, многу е важно заедничкото учесто во трошоците. Иако вистинскиот џентлмен ќе посегне по својот паричник, не прифаќајте секогаш тој да ја плаќа сметката од ручекот, вечерата и слично. Платете и покажете му дека сте рамноправни на секое поле, па и на финансии.

СЕМЕЈНИ СРЕДБИ

Немојте однапред да одбиете средба со неговото семејство, туку напротив покажете дека сакате да бидете дел од нив. Потсетете го да им се јави, предложете да ги посететите или пак сами изберете го роденденски подарок за неговата мајка.

Коментирај