Клоп: Киксот на Адриан? Па нормално е за голман на Ливерпул

0
108

Вчера Ливерпул ја запиша втората победа во вториот натпревар во новата сезона од Премиер лигата.

Ливерпул со 1:2 беше подобар од Саутемптон. „Црвените“ имаа предност од 0:2 се до финишот од натпреварот, а тогаш резервниот голман Адриан кој брани поради повредата на Алисон направи еден голем кикс со кој му овозможи на Ингс да постигне гол.

После натпреварот Клоп на интересен начин го прокоментира овој кикс на Адриан.

„Убаво беше што ги вративме во игра со уште поубаво додавање од Адриан. За него ова беше трет натпревар, но некако е нормално за голман на Ливерпул да направи такво нешто. Одиме понатму, заслуживме да победиме“, изјави Клоп.

Извор: sportski.mk

Коментирај