Климан: Сега се игра Тешкото, нашето оро старинско

0
334

Наместо колумна, само две немодерни песни во модерно евро-атлантско време

НАРОДНА. МАКЕДОНСКА

Тагата пеј ми ја, Божице,
на жална Македонија,
душата што си ја раздаде
за божева убавина.

ПОСЛЕДНОТО ОРО

Не стој настрана, не тупкај,
не гледај само, фати се.
Се игра оро старинско,
твоето оро татковско,
нашето оро Тешкото,
играно и опеано,
последно оро судбинско.

Тапаните идат кон тебе,
зурлите пиштат по тебе;
тапаните трештат оттаму,
зурлите пиштат одваму.
Се рони земјата, трепери,
се дроби на сите страни.
Не стој така настрана,
не тупкај, не се препуштај,
не гледај само, фати се.

Пишува: Алдо Климан за Република

Коментирај