Кит на плажа во Рио (видео)

0
435

Жителите на бразилскиот град Рио де Жанеиро, со изненадување откриле дека на една од градските плажи, има труп на кит исфрлен од брановите. Ова беше објавено од страна на светските медиуми. Животното тежи околу 30 тони и е со должина од 13-15 метри. Китот е исфрлен на Ипанема Бич, една од најживописните во мегаполисот. На самото место асистенти на бразилскиот институт за заштита на животната средина не нашле знаци на живот во морскиот цицач. На местото беа испратени три багери, дигалка и виљушкар за да го преместат огромното животно.

Коментирај