Кирил Миновски: Владата само дава ветувања кои потоа не ги исполнува

0
231

Владата само дава ветувања кои потоа не ги исполнува, вели за „Детектор“ поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.

Мислам дека генералниот наратив е „Ќе“. Значи ќе биде, ќе анализираме, ќе направиме но гледаме дека во реалноста имаме многу малку поместувања на подобро. Никој генерално не е против зголемување на платите неопходно е да се зголемуваат платите. Генерално сите сакаме да имаме повисок животен стандард. Но тој животен стандард треба да го обезбеди приватниот сектор кој што ќе има соодветни услови за раст и развој и тоа е единствено одржилва концепција и за буџетот, за обезбедување на средства во буџетот но и за благосостојбата и на граѓаните и на компаниите, рече Миновски.

Дека се води лоша економска политика, според Миновски доказ се и извештаите на светските релевантни институции како и ранг листите на кои македонската економија добива послаби оценки од порано.

Гледаме дека на сите индикатори, и на Doing Business и на сите ранг листи кои што ги имаме релевантни, Македонија паѓа, тоне на тие листинзи што укажува на тоа дека се праќа лош сигнал пред се во делот на фискалната политика, истакна Миновски.

Коментирај