Киргиос конечно призна зошто го мрази Ѓоковиќ – Ја отвори душата и ја шокираше цела планета!

0
1734

Контроверзниот Ник Киргиос, конечно ја отвори душата и призна дека има проблеми со своето однесување.

Тој добро стартуваше на АТП турнирот во Вашингтон, совладувајки го Сон Квијатковски со 2:0 во сетови, во 1.коло и по таа победа се пожали на одредени проблеми кои го мачат.

„Не играм многу тенис периодов, бидејки моментално минувам низ тежок период и одредени психички проблеми, но моментално сум доста задоволен од остварената победа“.

Годината ја почна на 35-тата позиција на АТП листата, а сега е на 52 позиција. Се надева и очекува на подобар рејтинг по турнирот во Вашингтон.

„Генерално сум задоволен од сработеното. Знаев дека ме очекува тежок меч, затоа што играв против тенисер кој има одлични предиспозиции, се движи доста добро и среќен сум од исходот на мечот“, порача Киргиос.

Тој во осминафиналето ќе се сретне со јапонскиот тенисер Нишиока кој го изненади фаворитот Гофан.

Зошто толку го мрази Новак Ѓоковиќ?

Менталната сила и енергија е тоа што на Киргиос му недостига, додека на другата страна, Новак е тој што ја владее совршено што сме имале прилика да се увериме безброј пати во тоа.

Па така лесно се доаѓа до заклучок дека љубомората и зависноста е тоа што го тера Ник да го мрази најдобриот тенисер на светот. И не само него, туку сите кои се наоѓаат високо на АТП листата.

Коментирај