Кифлички со мармалад

0
754

Состојки:
– 1 кг брашно
– 1 лажиче сол
– 1 чаша (200 мл) млеко
– 1 коцка свеж квасец
– 1 јајце
– 400 гр маст (или путер)
– 1 лажица шеќер
– изрендана кора од 1-2 лимони
– мармалад

Подготовка:
– Брашното ставете го во подлабок сад и додадете ја и солта.

– Во друг сад издробете го квасецот, додадете 1/2 лажиче шеќер и прелијте со топло млеко. Оставете го квасецот на топло за да стаса.

– Во садот во кој ќе го месите тестото ставете ја маста (или путерот) на собна температура за да омекне. Потоа со една дрвена лажица изматете ја убаво маста со 1 лажица шеќер. Додадете го јајцето и повторно убаво измешајте.

– Во садот сипете го стасаниот квасец, изренданата кора од лимон и измешајте.

– Соединете ги сите состојки и со постепено додавање од брашното замесете меко и мазно тесто кое не треба да ви се лепи на рацете.

– Тестото поделете го на 11 делови. Секој дел развлечете го со сукало во форма
1/2 см. Секој круг исечете го на 8 триаголници.

– Замотајте ги, но внимавајте да не излезе филот надвор од тестото. На крај секоја кифличка малку заоблете ја.

– Готовите кифлички наредете ги на хартијата за печење во тавата, и оставете ги да нараснат.

– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени и печете 30-40 минути.

На здравје!

Коментирај