КФЦ и во Македонија, 14 Септември ги отвора првите два ресторана

0
906

Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава. Ова го најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери.

Сопственикот на лиценцата, информираше дека до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.

– Особено сум среќен дека со инвестицијата вредна над 10 милиони евра, ние освен нашите вработени, обезбедуваме партнерство исклучиво со домашни компании од кои се снабдуваме со потребните суровини и намирници, истакна сопственикот на лиценцата

Коментирај