Кетеринг од шест милиони евра: Полугодишен кетеринг чини колку цел Државен Архив – И за тоа се бореа, меѓудругото

0
551

„Полугодишен кетеринг за Државен Архив чини колку цел Државен Архив. И за тоа се бореа, меѓудругото“, напиша Мартин Толовски на Фејсбук откако беше соопштено дека Државниот архив на Македонија одвоил шест милиони евра за кетеринг.

Државниот архив на Македонија, во јануари годинава, го одобрил, а денеска го склучил договорот со компанијата „ДАЛМА ФООД“ за кетеринг во вредност од 5 милиони 756 илјади евра, ова го покажуваат податоците за јавни набавки.

Основана во 2005 година Далма е престижна кетеринг и ивент менаџмент компанија препознатлива по единствениот стил, разновидните менија, извонредниот квалитет, како и големата понуда на опрема и услуги за организација на настани.

Коментирај