Ќерката на Трамп меѓу кандидатите за нов шеф на Светска банка

0
274

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп , Иванка е кандидат за претседател на Светска банка.

Според информациите на ,,Фајненшал Тајмс”, таа би дошла на раководното место на Светска банка по заминувањето на сегашниот претседател Џим Јонг Ким.

За ова престижно место се кандидираше и поранешната мериканска амбасадорка во Обединетите нации , Ники Хејли. Во понеделникот  Ким неочекувано објави дека веќе нема да раководи со Светска Банка на повеќе од три години до завршувањето на неговиот втор мандат.

Покрај Иванка Трамп и Хејли, се споменуваат и имињата на државниот секретар за меѓународни прашања во американското  Министерството за финансии , Дејвид Малпас и шефот на Агенцијата на САД за меѓународен развој Марк Грин .

Иванка Трамп во 2017 година раководеше со фондот на Светската банка од 1 милијарда долари за промовирање на женски бизнис иницијативи.

“Ние го започнуваме процесот на внатрешно разгледување за американски кандидат и очекуваме соработка со гувернерите за избор на нов лидер”, рече портпаролот на Министерството за финансии.

Извор:Лидер.мк

Коментирај