Ќерката на Димитров се пофали дека е ангажирана во МНР

0
706

Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на нејзиниот профил на професионалната мрежа „Линкедин“, се пофали дека е ангажирана и стажира во Министерството за надворешни работи.

На профилот на Димитрова, таа напишала дека во моментов е стажант во одделот за човекови права на Министерството за надворешни работи.

Но останува непознато дали се работи за македонското МНР, кое го води нејзиниот татко или за МНР на Холандија.

JanaDimitrova

Инаку, минатата година Димитрова беше во центарот на вниманието, откако медиумите го открија скандалот дека таа добила стипендија од Владата на Република Македонија, иниституција во која работи нејзиниот татко, за да студира во Утрехт, Холандија.

Нејзиното семејство веќе живее таму и Димитров поседува стан во Холандија, па јавноста беше бранувана дека оваа студентка добила стипендија да студира на сметка на даночните обврзници од Македонија.

Извор:republika.mk

Коментирај