Кекс со чоколадо и вишни

0
462

Состојки: 
– 200-300 гр. вишни (може и замрзнати)
– 300 гр. брашно
– 200 гр. путер (+ за подмачкување)
– 200 гр. шеќер
– 70 гр. темно чоколадо
– 70 гр. бело чоколадо
– 30 гр. бадеми
– 10 гр. ванилин шеќер
– 4 јајца
– 4 лажици рум
– 2 лажички прашок за пециво

Подготовка:
Јајцата разбијте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го стопениот путер и румот и повторно измешајте со миксер. Со постојано мешање додадете ги  брашното, прашокот за пециво, темното чоколадо, белото чоколадо и вишните. Промешајте.
Смесата ставете ја во калап за печење намачкан со путер. Тестото посипете го со бадемите и ставете да се пече околу 1 час во загреана на 170 степени.

На здравје!

Коментирај