Кефир- здравје и долговечност!

0
332

Кефирот е густ, течен, млечен пијалак кој настанува со мешање на кравјо, овчо или козјо млеко и кефирна габа која останува во млекото околу 2 дена. Притоа доаѓа до ферментација на млекото. Кефирот содржи микроорганизми – млечни бактерии и квасец, состојки кои настануваат при ферментација – карбонска киселина и етил алкохол, хранливи состојки – протеини и полисахарид, витамини – А, Б1, Б2, Б6, Б12, Д, Е, К2,  минерали – калциум, железо, јод.

ПРИДОБИВКИ ОД КЕФИРОТ

– Произведува сопствени антибиотици

– Ги елиминира „лошите“ бактерии

– Воспоставува рамнотежа на интестиналната флора и стомачната киселина

– Го регулира метаболизмот преку подобрено варење

– Ја подобрува циркулацијата на крвта и нивоата на нормален крвен притисок

– Има позитивен ефект на нервниот систем

– Ја намалува нервозата и депресијата

– Ја зголемува енергијата и го подобрува расположението

– Ја регулира жолчката за да се подобрат функциите на црниот дроб и жолчната кеса

– Произведува анти канцерогени состојки и спречува метастази

– Студиите покажале дека млекото култивирано 24 часа со живи кефирни зрна може да го намали холестеролот и до 63%

– Има анти габични својства за подобрување на лекување на разни видови нарушувања на кожата.

– Го обновува внатрешниот екосистем на телото по користење на антибиотици

– Ги ублажува воспаленијата во организмот

– Ги лечи заболените бубрези и бубрежни патишта

– Сојузник е во борбата против Кандидата

– Труењето од храна исто така може успешно да се лекува со кефир

ДИЈАБЕТИЧАРИ

Од 200 испитаници со дијабетес од типот 2, неверојатни 85% од нив достигнале нормално ниво на гликоза по еден месец откако пиеле по 3 шолји кефир на ден.

 

Коментирај