Ќе успееме ако масовно тужиме: Каракамишева со инструкции за тужбата против Владата

0
195

Откако вчера ја објави тужбата против Владата на Република Македонија, поради како што вели, геноцидното кршење на личните и неприкосновени права на Македонците во Макдонија и низ светот, професорката Татјана Каракамишева денеска објави дополнителни иструкции до сите оние кои сакаат да се приклучат.

Ќе успееме ако масовно тужиме, апелира професорката.

„Драги мои соборци, пополнетите тужби во 2 примерока доставете ги на бул.”Св Климент Охридски” бр 19/1-3, тоа е булеварот спроти Владата на РМ, како што гледате на сликата.

Повелете и контакт телефони:
078 714 127
078 848 886

Значи уште еднаш да повторам, единствена ваша обврска е да ни ја доставите пополнета тужбата, другата обврска за плаќање на судските такси и ангажирање на адвокат во постапката ќе биде покриено од нашите браќа и сестри од дијаспората преку директни плаќања до Судот и до адвокатите. Вие нема да имате никакви дополнителни обврски.

ЌЕ УСПЕЕМЕ АКО МАСОВНО ТУЖИМЕ, ОВА Е НАЧИНОТ КАКО ЌЕ ЈА ПОБЕДИМЕ ОВАА ОДРОДЕНА ВЛАСТ! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!“, напиша Каракамишева на Фејсбук.


Каракамишева ја објави тужбата против Владата на Република Македонија

Почитувани и драги Македонци,

Ви ја доставувам најавената тужба со која ќе ја тужиме Владата на Република Македонија поради геноцидното кршење на нашите лични и неприкосновени права.

Ве молам пополнете ги личните податоци кои се бараат во тужбата и испринтајте ја во 2 примерока.

Договорено е судските такси од 1200 денари по тужба, во ваше име да ги платат нашите браќа и сестри од дијаспората директно на Судот така што вие нема да имате никаков трошок.

Исто така, со оглед дека во тужбата нема материјални побарувања секој од вас ќе може, ќе има право лично да се брани пред судот.

Ако некој не се чувствува сигурен или подготвен може да не информира да му најдеме адвокат.

И адвокатските трошоци ќе бидат подмирени од нашите браќа и сестри.

Во однос на техничките информации каде и кому да ја доставите тужбата ќе ви пишам точна адреса и контакт лице/а со телефонски број во текот на денот.

Иако сум свесна дека нашите судови се под диригентната палка на власта, мора да го изодиме прво патот на нашите судови за да имаме право да тужиме пред Европскиот суд во Стразбур.

Таква е постапката и така мора да биде.

Да не се поколебиме во ниту еден момент дури и ако нашите судови одлучат да ни ја отфрлат тужбата.

Ние мора да победиме затоа што правото и правдината се на наша страна.

ВЕ ПОВИКУВАМ ШТО Е МОЖНО ПОМАСОВНО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ ВО ОВАА ЗАЕДНИЧКА БИТКА ПРОТИВ ОДРОДЕНАТА ВЛАСТ!

ШТО ПОМАСОВНО, ТОА ПОСИЛНО ЌЕ ОДЕКНЕ ВО СВЕТОТ!
НА КРАЈОТ, ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА СИЛНО ЌЕ ГИ ПОБЕДИМЕ!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Во продолжение линкот од кој можете да ја симнете тужбата ТУКА!

Коментирај