ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ КРИВИЧНО: Директорката на клиника заболена од корона вирус се заканувала со откази за вработените кои ја пријавиле!

0
5379

Докторот Ненад Лазаров сподели неколку статуси на „Фејсбук“ во врска со заразената директорка на клиниката за кожни болести во кој наведе дека докторката не се пријавила сама, туку дека ја пријавиле колегите, поради што таа им се заканувала со откази.

„И тоа колеги ја пријавиле, не сама! Па уште и претела со откази… Министер, ја смени веќе нели?“, напиша Лазаров.

Докторот воедно прашува  и дали во саботата била на дерматовенеролошки симпозиум.

„Беше ли директорката на дерматовенеролошки симпозиум во Рагуза во Саботата? За едно 100тина кожни лекари прашувам дали треба да се у карантин?“, прашува доктор Лазаров во претходната објава.

Инаку, директорката на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Биљановска, (сестра на судијката Маргарита Цаца Николовска) назначена од СДСМ на оваа позиција има основа да одговара и кривично за загрозување на здравје и заразни болести.

Таа била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп, а по враќањето, односно во саботата одржала и предавање на стотина колеги кои учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека таа е четвртиот пациент заразен со коронавирус во Македонија. Таа се однесувала неодоговорно, била во ризично подррачје, во Италија и не ги следела протоколите. По враќање од Италија не била дома во изолација, туку одела на работа пет дена. Во меѓувреме одржала и предавање на кое имало стотина лекари.

Во Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето, во член 205 кој се однесува на пренесување заразна болест пишува:

Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година.

Извор: Република / Лидер

Коментирај