ЌЕ ИМА ЛИ БОЈКОТ: Триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис

0
463

Триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис што беше спроведен од Државниот завод за статистика во тринаесетина општини во државата, а во период од две недели. Од ДЗР велат дека и покрај тоа пробниот попис поминал успешно, објави „Канал 5“.

Од таму додаваат дека за време на пробната операција имало мали недостатоци, но сметаат дека тоа не би влијаело на процесот.

Официјално пописот ќе почне да се спроведува од април следната година, при што ќе мора сите задолжително да се попишат. Се очекува да чини околу 8,5 милиони евра.

Извор: Република.мк

Коментирај