Ќе докажуваат дека им се природни: После серија смртни случаи, Miss Bum Bum воведува рендгенски преглед

0
353

После серија смртни случаи како последица на разните додатоци со кои бразилските убавици, преку естетски операции и корекции, си ги средуваа и затегнуваа задниците за да учествуваат на престижното атрактивно натпреварување за „Најжежок бразилски задник“, од организацијата на Miss Bum Bum наредија 27 натпреварувачки мораа да поминат рентгенски прегледи за да се докаже дека не се подложиле на никакви контроверзни естетски корекции.

Така гласи и едно од главните и неприкосновени правила за учество на ова жешко натпреварување – во никој случај убавиците не смеат да имаат „вештачки“ задник, затегнат или зголемен на било каков неприроден начин.

Бразил беше шокирани во јули оваа година, откако пластичниот хирург за славни личности, познат како Dr. BumBum, Денис Фуртадо, се обиде да избега за да избегне казна откако една жена почина неколку часа после операцијата кај него. Таа примила инјекции за затегнување и пополнување на задникот. Се смета дека хирургот популарен меѓу славните фаци, кој на Инстаграм има над 650.000 следбеници, случајно инјектирал од пополнувачката супстанца за задникот во една од нејзините артерии.

И покрај неговиот обид за бегство, Фуртадо беше фатен четири дена подоцна. Моментално чека судење и се соочува со казна за обвинение за убиство од невнимание.

Во друг случај, 24-годишната Бразилка Мајара Силва дош Сантош почина во Рио после компликација како последица од козметичка операција на нејзината задница, бутови и стомакот. Во јули, 41-годишната Адриана Фереира Пинто почина шест дена откако се подложи на естетско зголемување на задникот. Во март, Џејд Стафорд, мајка од Британија, речиси го загуби животот во Турција после подложување на ист тип на естетски оперативен зафат.

Извор: taratur.mk

Коментирај