Ќе биде критично: УХМР најавува силно невреме со поројни дождови

0
899

Управата за хидрометеоролошки работи најавува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечер ќе ја зафати територијата на Република Македонија.
Според УХМР во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен

Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.

Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Додека во Скопје попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат, велат од УХМР.

Коментирај