Казна 500 евра ако не вакцинирате дете

0
177

Родителите чии деца одат во училиште, а не се вакцинирани, ризикуваат да платат казна во висина од 500 евра, пишува во новиот закон кој стапи на сила во Италија.

Законот е донесен откако нагло порасна бројот на заболени од морбили во Италија. Децата помлади од шест години кои не се вакцинирани ќе бидат исклучени од градинка, а родителите на постарите деца ќе мора да платат казна.

Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) процентот на вакцинирани деца треба да бидат поголем од 95, за да биде успешно вакцинирањето. Во Италија тој процент изнесува 80.

Коментирај