28 C
Скопје
понеделник, јуни 18, 2018
Вести Кавадарци изработи студија и ја достави до Влада – Решение за вишокот...

Кавадарци изработи студија и ја достави до Влада – Решение за вишокот на грозје на повидок

0
1510

Предизборното ветување на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев околу решавање на проблемот со вишокот на грозје почнува да се реализира.

Денеска Јанчев информира дека е изготвена физибилити студијата од експерти во областа лозарство и винарство и истата е доставена до премиерот Заев, министерот за земјоделство и до советникот за земјоделство Ленче Николовска.

Градоначалникот на брифинг со новинарите ја претстави содржината на студијата за која рече дека е од големо значење за лозарството и винарството.

Во оваа студија се содржани анализи за родот на грозје не само во Кавадарци, туку во цела Тиквешија и Македонија на најзастапените вински сорти смедеревка и вранец. Исто така анализирани се годините кога е евидентиран вишок на винско грозје. Во студијата се нагласува дека единствено квалитетно решение за проблемот со вишок на грозје кој се јавува одредени години е можно само со изградба на дестилерија.

Експертите утврдиле дека за да се изгради ваков преработувачки капацитет во рамки на постоечка винарија ќе бидат потребни два милиони евра, а веќе интерес од најголемата винарија и постоел. Доколку пак е потребно да се гради целосно нов објект кој ќе го складира и преработува грозјето во дестилат тогаш би биле потребни 20 милиони евра.

Јанчев е оптимист дека ваквата студија сериозно ќе биде разгледана и прифатена од владата како би се решил проблемот со кој се соочуваат лозарите во поедини години кога родот е над очекувањата.

Извор: КТВ
loading...

Коментирај