Кацарска: Судот не може да се спогодува со никого, можеби ОЈО се спогодило со Нинџа

0
222

Судијката Дибрила Кацарска која го води судењето за случувањата во Собранието од 27 април 2017 година, по денешното приведување на тројца од пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните, изјави дека обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, по чиј исказ се води истражната постапка за случајот, не се спогодил со судот за помала санкција.

Една од новинарките и посочи на судијката дек Обвинителството тврди дека на база на сведочењето на Александар Василевски – Нинџа ја темели истрагата, и ја запраша, знаете ли каква пресуда ќе донесерте за него, поради тоа што се шпекулациите дека се спогодува со Обвинителството, но и со судот?

„Со судот не може да се спогодува, се знае кога може обвинет да прави спогодба пред суд со мене воопшто не може. Дали со Обвинителството има догобор не би можела да коментирам. Утре ќе завршиме со последните завршни зборови. Ова е исклучително обемен предмет и ќе ми треба недела дена за да го спремам решението и казните“, изјави судијката Добрила Кацарска.

Вељаноски дал исказ пред судот: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Николоски: Власта продолжува со теророт и притисокот, а полицијата, судството и обвинителството го кршат Уставот

Коментирај