Кацарска казни и избрка 50 адвокати од „27 април”

0
1994

Судијката Добрила Кацарска ги казни сите 50 адвокати кои ги застапуваа 33 обвинети за настаните од 27-ми април. Адвокатите се казнети со по 1000 евра и отстранети од судењето.

Кацарска се решила на ваков потег поради реакција на дел од одбранта дека судницата во старата зграда на Кривичен нема услови и простор да смести над 50 луѓе, дел од процесот за 27-ми април, објави АлсатМ.

Сега обвинетите ќе треба да чекаат Судот да им назначи бранители по службена должност со оглед на тоа што на досегашните бранители им е одземено правото да ги застапуваат.

Обвинителката која го застапува предметот посочи дека тенденцијата на адвокатите е друга и оти не е проблем просторот и судницата во која и во минатото се сослушувале загрозени сведоци од други случаи.

Застапникот на обвинението, Вилма Русковска, рече дека не може да ја коментира веста оти се договара амнестија за обвинетие за 27 април оти тоа е политичка одлука.

Судот даде пауза од еден час и се чека да се види на кој начин и со кои адвоикати ќе се сослуша загрозениот сведок, сведочење кое треба да ги поврзе активностите на обвинетите лани на 27 април.

Извор:lider.mk

Коментирај