Кацарска: Со Камчев сме пријатели, ќерка ми работи кај него, но не можам да пресудам во негова корист“

0
884

На синоќешното интервју во 1ТВ, кривичната судијка Добрила Кацарска јавно говореше за нејзината работа и уште еднаш апелираше дека кај неа нема нарачани пресуди.

За ослободителната пресуда за Игор Дурловски кажа дека за неа била најтешко донесената ослободителна пресуда било кога.

Откри и дека еден од првообвинетите во случајот „Империја“, Орце Камчев, е нејзин куќен пријател, но дека не може да суди во негова корист, и покрај пријателството.

Таа рече дека нејзиниот татко и таткото од Камчев биле другари, а додека пак нејзината ќерка веќе 10 години работела во приватната клиника „Систина„ која е во сопственост од Орце Камчев.

„Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години. Фамлијата Камчеви ги чувствувам како моја фамилија“, откри Кацарска.

Коментирај