Катица Јанева во кома! Неизвесно е дали ќе се извлече и со какви последици

0
2487

Не е лесно човек да биде на местото и улогата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Улога во циркусот наречен СЈО која ја игра во изминатите години и со која чекори на граници од скап аматеризам и неуверлив актерски капацитет, па се до политичка експозитура на владини политички интереси…

Се чини дека сценариото кое го реализира во своето работење веќе го прочитаа и малите дечиња во оваа држава.

Од една страна обвинувања за скриена амнестија, од друга страна уценета и прогонувана опозиција.-Вистински циркус!

И сакале не-сакале како граѓани ќе мора да се смееме.

Дали на овој начин на мала врата и на мускули се подготвува нов шатор за “Ката и Фата”?

Власта преку досегашните главни кловнови во циркусот кој ги чинеше граѓаните околу 20-тина милиони евра, под завесата на некаков криминал скоро половина декада се обидува да ја разнебити и укине најголемата опозициска партија во државата.

Веќе стана општо-прифатено мислење помеѓу граѓаните дека т.н. СЈО е своевидна маша за политичка пресметка на актуелните власти со ВМРО-ДПМНЕ.

Дали и покрај сите овие години на прогон и притисоци исклучиво врз членови и симпатизери на опозицијата од страна на СЈО, ВМРО-ДПМНЕ ќе дозволи повторно противуставна паралелна институција на јавното обвинителство во Македонија?

И тоа како политичка партија на која граѓаните и’ дадоа најголема поддршка на минатите избори.

Несомнени се заложбите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со целиот свој капацитет да придонесе во процесот кон заздравување на правниот поредок кој е разурнат во државата. И токму во таа насока се инсистирањата од ВМРО-ДПМНЕ тоа да биде направено во рамки на Уставот, но и позитивните европски стандарди во оваа сфера, а никако под притисок и уцени на добро познатиот т.н. “Балкански начин”, кој што некои европски експерти милуваат да го наречат.

Впрочем ваквите заложби на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на државата во континуитет го препознаваат и на последните анкети на јавното мислење на оваа партија и’ даваат повторно најголема доверба.

На другата страна во кампусот на власта повеќе од сигурно е дека Зоран Заев нема да се откаже од циркусот на “Ката и Фата”, од каде успеаа меѓусебно по фамилијарна и пријателска линија да си поделат повеќе од 15 милиони евра народни пари на граѓаните, на обвинители, истражители, телохранители, возачи, курири и сл. за нецели 5 години.

И на сето тоа се додава фактот дека кон граѓаните не испорачаа ништо конкретно како резултат од нивната работа, освен на неколкуте ПР претстави со многу лош кастинг и реализација, потребни единствено за дегокусирање и замајување на јавноста од вистинските глупости и афери кои ги прави актуелната власт.

fetai-777x437-768x432

Главните мегафони на власта упорно како расипани грамофонски плочи продолжуваат да кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ сака да си обезбеди амнестија, иако оваа излитена песна имаа речиси 5 години време да ја докажат, тоа во пракса не се случи. И повторно во функција на прикривање на вистинската амнестија која власта ја спроведе кон уценетите пратеници во процесот на разнебитување на Република Македонија.

Со секакво идно влегување во циркусот на “Фата и Ката”, опозицијата ќе биде плен на апетитот на маскираните кловнови кои едвај чекаат да се нахранат повторно и повторно во оваа нивна циркуска игра.

Сериозноста на ова прашање нотирано во сите извештаи на европските експерти за целосна деградација на правниот поредок во државата, изискува тоа да биде третирано со најголемо внимание со цел да се создаде долгорочно издржано законско решение од кое бенефит ќе имаат сите граѓани во Македонија. Без разлика на тоа кој е на власт а кој опозиција, од најобичен граѓанин па до Уставен судија и Премиер. Правен поредок кој што ќе овозможи ист третман за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, кој ќе докаже кој е виновен а кој не, со моќта на аргументите и фактите, кој е чесен а кој нечесен, кој е криминалец а кој жртва, човек со свои вредности или монструм.

Со еден европски и уставен закон за Јавно обвинителство несомнено е дека секој што направил криминал ќе биде изведен пред лицето на правдата, но истовремено државата е должна на секој граѓанин да му овозможи фер процес каде секој ќе може да ја докаже својата невиност. На тој начин да се изгради правен систем каде презумцијата на невиност ќе биде на пиадесталот, а сцените со однапред осудените граѓани уште пред да почне процесот ќе бидат минато. Правен систем во кој што притворот нема да се определува исклучиво во петок, каде притворот нема да биде казна за неистомислениците и каде притворот нема да служи за задоволување на нечија жед за одмазда без разлика дали има или нема потреба за определување притвор од страна на судските власти.

Комата на СЈО и Катица Јанева е длабока и едноставно пациентот треба да биде исклучен од апаратите кои го одржуваат во живот.

Доста е циркус, доста се експерименти.

Македонија нема време и сила за нови вон уставни институции создадени по потреба.

Време е Македонија да го фати патот за напред.

Еден од првите чекори на тој пат за напред на државата е нов прецизен закон за Јавно обвинителство во рамките на Уставот, каде улогата и влијанието на човечкиот фактор ќе бидат сведени на минимум и каде обвинителите ќе бидат луѓе со знаење, истакнати правници со кредибилитет, достоинство и вистински човечки вредности.

Пишува: Дедо Ѓорѓија

Името на авторот на овој текст е познато на редакцијата

Извор:брегалнички.мк

Коментирај