Катица Јанева се појави на распит за „Рекет“ во ОЈО: Се надевам дека со моите аргументи и со мојата изјава ќе ја забрзам истрагата

0
399

Се надевам дека со моите аргументи и со мојата изјава ќе ја забрзам истрагата, изјави кусо специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, која денеска се појави на распит за случајот „Рекет“ во ОЈО.

Таа ќе треба да даде одоговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.

И додека некои се на мислење дека Јанева требаше веднаш да биде суспендирана по отворањето на „Рекет“, таа минатата недела се врати од годишен одмор и од 12 август е на работа.

Коментирај