Катица Јанева отвора истрага за Аиво Орав и претставници на Европската комисија?

0
202

Со оглед на подгревањето на атмосферата за отворање на истрага околу случајот Актор, прашање на време е кога ќе бидат покренати и првите постапки против меѓународни претставници.

Според сознанијата на Инфомакс, истражителите ангажирани од СЈО се нашле на голема мака соочени со притисокот да процесуираат уште еден случај поврзан со грчката компанија Актор. Од една страна бил притисокот по секоја цена да се конструира уште еден предмет против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга да се изземат од одговорност меѓународните претставници кои учествувале и го мониторирале целиот процес уште од самиот почеток.

Првиот дел од сценариото, односно креирањето на случај без докази не им било посебно тешко со оглед на досегашното искуство, но затоа се измачиле како да ги исперат од одговорност меѓународните претставници.Фактичката состојба за случајот говори дека тендерското досие вклучувајќи го и основниот проект беше подготвено од меѓународна компанија, ангажирана согласно насоките на Европската комисија.

Уште во 2011 година тендерското досие беше доставено и одобрено од делегацијата на ЕУ во Македонија. Тендерот беше најавен со објавување од страна на ЕК. Комисијата за евалуација беше опдобрена од страна на делегацијата на Европската комисија. За евалуација на понудите , покрај членовите на комисијата имаше и седум набљудувачи. Од нив еден беше назначен од страна на делегацијата на ЕУ, а втор од страна на Европската инвестициска банка. Согласно правилата на ЕК сите понуди беа евалуирани, а на крајот сите членови го потпишаа записникот од извршената евалуација и како најповолен понудувач беше избран Актор. Претставниците на Делегацијата на ЕУ и на ЕИБ го прифатија извештајот кој заедно со останатите понуди беше доставен во 2012 година на одобрување во ЕУ.

Европската комисија го контролира процесот на одобрување на Извештајот од спроведената евалуација во име на сите партнери. Делегацијата на ЕУ врз основа на направените проверки го одобрува и истиот е потпишан од овластено лице на ЕУ.

Конечно на 03.07.2012 година договорот е попишан од Амбасадорот Аиво Орав и Министерството за финансии, а следниот ден и од страна на изведувачот. Сите фази од постапката досега биле предмет на ревизија и не е утврдена никаква незаконитост. Од сето ова произлегува дека освен амбасадорот, доколку СЈО реши да влезе во конструкција на нов предмет, можно е да бидат опфатени и други меѓународни претставници, вклучувајќи ги и одговорните ревизори во ОЛАФ кои според логиката на Катица Јанева прикривале нешто.

Извор: Република

Коментирај