Kатица ги потврди тврдењата на Боки: Заев влијаел во работата на СЈО, а за да не оди во затвор за „Поткуп“ се менувале и закони

0
1758

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во денешните завршни зборови во целост го разоткри влијанието што го имал тогашниот премиер Зоран Заев во СЈО со цел да влијае на некои политички случувања, но и како средство за одмазда врз своите неистомисленици.

Таа денеска рече дека планот бил да се сруши СЈО, но оти тоа не морало да оди преку неа. Јанева во целост се согласи со она што вчера го зборуваше Бојан Јовановски.

А популарниот Боки откри многу работи. Најважното е она што Заев му го кажал во својот кабинет во владата дека СЈО со обвиненијата за случајот „Имеперија“ направило многу штета бидејќи Камчев и Мијалков му биле потребни за обезбедување пратеници за гласање на уставните измени.

Камчев има тројца пратеници да гласаат уставни измени, а Мијаколов и повеќе, му рекол Заев на Боки.

Потоа пак Боки имал средба и со Мијалков, кој на 1ТВ требало да повика на излезност за референдумот.

Боки објасни дека воопшто не е случајно што Мијалков излегол од притвор пред Нова година со одлука на судијката Весна Димишкова, чиј брат Васил беше повикан како сведок во случајот „Империја“.

Бојан уште откри дека Кичеец е агент-провокатор и оти бил излезен да го шпионира Мицкоски, како што и се виде на неодамна објавената снимка.

Кичеец е пуштен во домашен притвор со агенда. Политичка агенда – потврди Јовановски.

Исто така, раскажа и за средбата на Заев и Камчев на 2 март 2019 година, кој била снимана од бугарски разузнувачи блиски до Бојко Борисов. На таа средба Заев бил доста зборлест и се фалел дека “ќе им ја е..е мамата на таа „дебелата“ и на тој „педерот“”.

Дека Заев имал огромно влијание во целото судство, денеска потврди и Јанева. Тоа одело дотаму што за тој да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“, се менувале закони.

Коментирај