„Катимерини“: Грција истражува дали имало притисоци кон пратениците да гласаат за Договорот од Преспа

0
921

Обвинителството на грчкиот Врховен суд во петокот ги испратил до парламентот досиејата за тековната истрага за постапување со случајот „Новартис“, за да можат пратениците да одлучат дали ќе го укинат имунитетот на именуваните политичари кои се предмет на истрага.

Поранешниот конзервативен премиер Антонис Самарас и поранешниот социјалистички министер за финансии Евангелос Венизелос, кои сведочеа во случајот за постапување со истрагата, го обвинија поранешниот министер за правда на СИРИЗА, Димитрис Папангелопулос, дека го злоупотребил случајот за да ги вмеша политичките противници. Тука е споменат и поранешниот премиер Алексис Ципрас, како еден од политичарите кои ги злоупотребувале овие материјали.

Обвинителот на Врховниот суд, Јоанис Ангелис, кој исто така се појави со обвиненија за политичко мешање, тврди дека неименуван политичар наречен „Распутин“ игра клучна улога во влијанието на текот на истрагата.

Собранието, исто така, ќе донесе одлука дали да се постави истрага за можно политичко влијание.

Овој случај наголемо беше споменуван во Грција кога беше актуелно гласањето во парламентот на Преспанскиот договор, како еден од начините за притисок врз пратеници да гласаат позитивно за договорот.

Да потсетиме во грчкото собрание „За“ преспанскиот договор гласаа 153 пратеници, еден беше „воздржан“ а 146 гласаа „против“.

Коментирај