Катанец за кафулето во кое келнерки во бикини служеа кафе

0
246

Калифорниските власти ставија катанец на кафулето кое стана популарно поради начинот на кој неговите келнерки ги послужуваа со кафе гостите – (с)облечени само по бикини.

Кафулето ја загуби лиценцата откако локалните власти на градот Американ Кенјон изгласаа истото да биде затворено, зашто наликувало на клуб за возрасни.

Овој ланец на кафулиња отвори свои локали на повеќе места во и околу Сан Франциско. Девојките кои работеа во нив беа облечени само во бикини или во долна облека, често и провокативна.

Токму облеката на девојките станала проблем, откако голем број граѓани се пожалиле во градската управа.

Сопственикот на „Ботомс Ап“ кафулињата Нејт Вилсон вели дека ќе го пресели бизнисот на друго подрачје, а градските власти постапиле незаконски.

Извор: taratur.mk

Коментирај