Карпош Соколи се избори за мајсторка против МЗТ Скопје

0
594

Екипата на Карпош Соколи се избори за петти решавачки натпревар против МЗТ Скопје Аеродром во финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија. 

На четвртиот меч од финалната серија, синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ кошаркарите на Карпош Соколи го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 86-78 (26-25, 30-14, 9-22, 21-17), со што го израмнија резултатот на 2-2 во победи и се изборија за „мајсторка“.

По петмина играчи во двата тима средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Кај победникот, а воедно и на натпреварот, најмногу имаше Кендрик Пери 24, додека  кај МЗТ Скопје по 17 поени постигнаа Стефан Синовец и Данило Мијатовиќ.

Годинашниот шампион на Македонија ќе се решава во последниот петти меч кој ќе се игра в среда (24 мај) во СЦ „Јане Сандански“.

Коментирај