Каракамишева: Заев нема 2/3 мнозинство во Собранието, нема да помине!

0
1161

Заев нема 2/3 мнозинство во Собранието!

Тоа е сигурно! Овој театар што го гледаме во Собрание е купување на време за да се направи некаков пазар во пет минути до дванаесет часот, ова преку својот Фејсбук статус го објавува професорката Тања Каракамишева.

Таа понатаму додава дека НЕМА ДА ПОМИНЕ!

-Следи оставка на Заев, но и борба за техничка влада согласно законот за влада! Како што важеа правилата за СДС кога беа во опозиција истото ќе важи и за ВМРО-ДПМНЕ, ништо повеќе ништо помалку. Ако сега се прекрши правилото за техничка влада 100 дена пред избори тогаш СДС треба да знае дека истите правила ќе важат и за нив кога ќе бараат избори како опозиција! Како што мајскиот договор победник со победник од македонскиот и од албанскиот блок партии пропадна поради неговото кршење од страна на ДУИ во 2017 година кога формираше влада со СДС, така СДС ќе биде виновен ако се прекрши правилото за техничка влада 100 дена пред избори. Или правилата важат за сите или за никого! Селективност нема да прифатиме и нема да поддржиме!, стои во статусот на Каракамишева.

Извор:kurir.mk

Коментирај