Каракамишева во полициска станица: Политичкиот прогон го пуштаат на максимум, нема да ме замолчите

0
399

Професорката Тања Каракамишева Јовановска преку социјалните мрежи информираше дека била повикана во полициска станица поради поднесена пријава против неа за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа

-Само што излегов од полициска станица Центар.

Вчера ТРОЈЦА полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Пријавена сум од ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ по чл. 319 од КЗ “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа”.

Фејсбук статусот за кој сум под сомнение се однесува за мигрантите.

И јасно е се!

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН ГО ПУШТААТ НА МАКСИМУМ.

ХЕЛСИНШКИ, ДЕЖУРНИ БРАНИТЕЛИ НА ВЛАСТА, ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА!

ВИЕ ЌЕ СЕ СРАМИТЕ ОД СВОИТЕ ПОСТАПКИ, ЈАС ЌЕ ОСТАНАМ НА СТРАНАТА НА ВИСТИНАТА И ПРАВОТО!

НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ! НЕМА ДА МЕ ЗАПЛАШИТЕ!

БОРБАТА ПОЧНА, НЕМА ВРАЌАЊЕ, пишува Каракамишева на Фејсбук.

Коментирај