Каракамишева: Владата надвор од законските рокови ја започна кампањата за лажните факти во договорот!

0
749

Владата надвор од законските рокови ја започна кампањата за лажните факти во договорот! Ниту Македонскиот идентитет, ниту што било Македонско е заштитено! Заштитени се граѓаните на РСМ, а тоа дефинитивно не сме НИЕ!

Ве лажат дека Македонскиот идентитет е заштитен! Идентитетот оди со името! Ако името е Република Северна Македонија тогаш и идентитетот на граѓаните е на Северна Македонија! Не може поинаку!

Лажат дека сме станале членка на ЕУ и НАТО! Сонуваат некакво имагинарно членство како што сонуваа покана во јуни а НАТО ни даде писмо на намери дека ќе се започнат некакви преговори?! Истото е и со ЕУ! Без усвоена одлука од Европскиот совет лажат дека е започнат скрининг и преговори за членство

Лажат дека го заштитиле Македонскиот јазик, кој е заштитен од 1977 година! Лажат дека економскиот развој ќе ни тргне! Ако не се фатат за работа ништо нема да тргне!

#ФактиЗаДоговорот

Фејсбук објава на Проф. д-р Тања Каракамишева

Коментирај