Каракамишева: Потребна е паметна игра со план и стратегија!

0
338

И што рековте ќе направел новиот претседател откако ќе го изберете? И зошто ќе го бирате? И што од ова долунапишаното ќе спречи тој нов претседател да се случи?

Козметиката не ја враќа мртвата девојка во живот! Потребна е паметна игра со план и стратегија!

Напиша: Проф. д-р Тања Каракамишева на Фејсбук

IMG_20190210_214902_433

Во информацијата за медиумите објавена на веб локацијата на МНР стои:

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Конечната Спогодба и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става  крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени.

Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена, за што ќе бидете навремено информирани.

Коментирај