Каракамишева: Кому му е потребен правосуден систем што ги враќа работите во правосудството 50 години назад?

0
947

(ФБ статус на професорката Тања Каракамишева- Јовановска)

Кога летово пишував дека Стратегијата за реформа на правосудството е само една обична тоалетна хартија и ништо повеќе од тоа никој не ги пофати критиките сериозно…како и секогаш!

Деновиве слушам/читам членови на Советот за реформи ( Калајџиев, Најчевска) поднесуваат/најавуваат оставки од членството во Советот бидејќи не биле прашани за мислење, и бидејќи никој не ги есапел нивните експертски ставови.

Добро утро разочарани експерти, мило ми е што се освестивте после 6 месеци!

Следи едно многу логично прашање- кому му е потребен правосуден систем што ги враќа работите во правосудството 50 години назад?

Која власт ќе добие какви било политички или други поени со ваков инквизиторски модел на правосудство кој освен што ќе брка судии и јавни обвинители од работа нема да се занимава со ништо друго?

Или тоа е крајната поента на реформиве, да се избрка од работа се што е дојдено во последниве 10 години во правосудниот систем само поради една цел, поради спроведување на евтин, очигледен, брутален политички реваншизам, да се стават климоглави послушници на СДС кои беспоговорно ќе го завршат политичкиот прогон што е во тек против членовите на ВМРО-ДПМНЕ до конечно истребување на последниот вмровец во државата.

Наместо стратегија за реформи подобро е документот да си го насловите како стратегија за очај. Во прилог моите размислувања дадени пред 6 месеци.

Коментирај