Каракамишева: 10 клучни работи што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкиски им ги вети вчера на граѓаните

0
364

Кратко и јасно, 10 клучни работи што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкиски им ги вети вчера на граѓаните:

1. Зачувување на уставното име, на Македонскиот јазик и на Македонскиот национален идентитет. Достоинствено разговарање за сите горчливи теми што ни ја попречуваат интеграцијата на Македонија во европското семејство,

2. Силен фокус на економскиот развој на државата и итно подобрување на економскиот стандард на граѓаните преку укинување на погрешните мерки преземени од оваа власт и создавање нова клима и нови економски проекти. Економски задоволни граѓани, успешен демократски развој на државата,

3. Нови мерки и силен фокус за вработување на младите и за нивно задржување во државата,

4. Враќање на сите поволности за земјоделците и подобар живот за земјоделците, раст на пензиите и на платите,

5. Враќање на владеењето на правото во земјата, правото мора да владее, Уставот и законите мора да се почитуваат од сите и од секого

VMRO-protest-pred-Vlada-2-juni

6. Воведување нови принципи и правила во политиката-непотизмот ќе биде заменет со системот на заслуги при вработувањето и при унапредувањето на работните места,

7. Силна борба против корупцијата и организираниот криминал. Сите што се огрешиле пред Уставот и законите ќе мора да понесат одговорност,

8. Реформа на правосудниот систем по највисоки европски стандарди и вредности. Судството и јавното обвинителство ќе мора да се ослободат од партиските влијанија, диктати и уцени,

9. Еднаквост за сите граѓани и градење општество без дискриминација. Сите граѓани ќе бидат еднакви пред законите,

10. Градење на одговорни политички институции раководени од одговорни и чесни политичари!

Пишува: Тања Каракамишева

loading...

Коментирај