КАПИТЕНОТ КИРЕ ЛАЗАРОВ СО ПОЗДРАВ ОД КАФЕАНА: Едно име имаме (ВИДЕО)

0
361

Капитенот на македонската ракометна селекција, Кире Лазаров по настапот со нашата селекција на СП во Германија и Данска се врати во Македонија.

Кире ги користи последните денови од малиот одмор пред враќање на клупските обврски во француски Нант, па вечерва со своите пријатели се наоѓа во кафана.

Лазаров преку својот профил на Инстаграм, на опцијата „стори“ постираше како пејачот во кафаната му ја пее македонската народна песна Едно име имаме од Јонче Христоски.

И двајцата македонски репрезентативци Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски по настапот на Мундијалот во Германија и Данска и по враќањето дома, а во Општина Илинден, нивното родно место, пред некој ден беа пречекани од сограѓаните.

По иницијатива на фудбалскиот клуб од Илинден, раководството и спонзорите, двајцата ракометари имаа дочек во една од кафеаните во општината. Таму тие беа поздравени од многу сограѓани, а најмногу им се радуваа најмладите.

Посебен мотив за славење при дочекот имаше Георгиевски, затоа што додека беше на Мундијалот, непосредно пред натпреварот со Шпанија, доби принова во семејството.

Македонија со победа го заврши настапот на Светското првенство и го освои 15. место на Мундијалот во Германија и Данска. Иако фановите беа разочарани поради тоа што за прв пат по 20 години не успејавме да ја поминеме првата фаза од првенството и да добиеме шанса да играме за квалификации на олимпијадата, но сепак успејавме да го задржиме 15 место кое го освоивме и на претходното светско првенство во ракомет.

Извор: Скопје24

Коментирај