Канељас останува во Вардар и следната сезона

0
482

Шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас потврди дека и следната сезона ќе биде дел од актуелниот европски ракометен првак Вардар.

Во интервјуто за спортскиот портал „g-sport“, искусниот шпански ракометар потврдил дека ќе го испрочитува договорот со Вардар кој е со важност за уште една година.

– Моите планови се врзани со Вардар, имам уште една година од договорот и засега е тоа. Ќе видиме како ќе се одвива целата работа, првенствено кој ќе биде тренер на тимот. За мене е тоа е исклучително важно, изјавил Канељас.

Ова е добра вест за навивачите на македонскиот и европски шампион, особено по неколкуте најавени заминувања на играчи од црвено-црниот табор.

Во однос на утрешниот последен меч во Лигата на шампионите за оваа календарска година, во кој Вардар го пречекува шведскиот Кристијанштад, тој верува дека Вардар ќе остане непоразен.

– Мораме да победиме на сите натпревари што ги играме дома. Засега сме во добра позиција, но не смееме да ’киснеме’ на домашен терен и да и дадеме шанса на Барселона или пак на некој друг тим да не стигне, нагласил Кањељас.

Дуелот меѓу Вардар и Кристијанштад ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

Коментирај