Кампања за потребата за инклузија на децата со попреченост

0
257

Првиот, од шесте еднодневни настани, со филмска програма, анимирани и играни кратки филмови за деца од девет до 13 години, наменети запромоција на инклузијата на децата со попреченост ќе се одржи денеска во Свети Николе ворамки на филмскиот фестивал „Караван за детство без пречки“ во организација на УНИЦЕФ и Скопје филм фестивал.

Пред почетокот на проекциите ќе се обрати градоначалникот на Свети Николе и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Паркс.

По завршување на проекцијата ќе се одржи дебата на која ќе се анимират децата да говорат за различноста и за предрасудите со кои децата со попреченост се соочуваат, со цел да се разбуди, поттикне и развие свеста кај младите луѓе за важноста од прифаќањето на индивидуалноста и различностите во секојдневното живеење.

Во рамки на овој фестивал ќе се одржат уште пет еднодневни настани, и тоа во Кавадарци на 23 ноември, во Битола на 28 ноември, во Штип на 11 декември, во Кичево на 12 декември и во Гостивар на 14 декември.

Коментирај