Каменос порача дека ќе ја напушти владата пред договорот од Преспа да дојде во Парламентот

0
150

Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, изјави лидерот на партијата Панос Каменос, која е коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Каменос уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да отстапи од позициите.

„Кога и да дојде договорот во парламентот, ако поминат сите процедури од страна на Скопје, Независни Грци ќе ја напуштат владата. Ние тоа јасно го имаме кажано, не можам да се согласам за кое било решение што ќе го дава името Македонија без да му се даде збор на грчкиот народ, рече Каменос во интервју за радиото „Реал фм“, пренесува МИА.

Освен избори, Каменос рече дека постои и друго решение, а тоа е одржување референдум за грчките граѓани да одлучат дали го одобруваат или не договорот.

Извор: kurir.mk

Коментирај