Каменос: Нема закана од Скопје – За 20 минути ќе ги средиме ако им пратиме трупа тенкови

0
543

Поранешниот грчки министер за одбрана Панос Каменос во интервју во средата го напаѓаше Преспанскиот договор, велејќи дека Грција за 20 минути би ја зазела Македонија, пишува „Катимерини“

– Ние не чувствуваме никаква закана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија. – рече тој за грчкиот телевизиски канал ТРТ.

Тој потоа повтори дека бил „измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, за кој рече дека првично требало да го донесе договорот за името во парламентот по март.

Поранешниот владин коалициски партнер, кој поднесе оставка од министерското место откако договорот беше донесен на ратификација во парламентот, го критикуваше и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас велејќи дека „дејствувал предавнички“.

Коментирај