Каменос негира напуштање на Владата поради зборот Македонија во името

0
169

Пред состанокот на парламентарната група на партијата десно од центарот Независни Грци (АНЕЛ) нејзиниот лидер Панос Каменос ги отфрли извештаите за можно напуштање на Владата поради прашањето за името на Македонија.

Некои извештаи сугерираа дека АНЕЛ ќе излезе од Владата ако се постигне договор меѓу Грција и Македонија, во чие име би останал тој збор.

„Нема такво нешто“, изјави Каменос пред средбата со пратениците од својата партија со идеологија десно од центарот.

Претседателот на АНЕЛ, сепак, последниве денови во неколку наврати даде на знаење дека неговата партија нема да поддржи решение што ќе го содржи зборот Македонија. Неговите пратеници инсистираа дека коалицијата не е доведена во ризик поради разликите во размислувањето, но не разјаснија што ќе се случи ако решение спротивно на нивниот став дојде во грчкиот Парламент.

Портпаролот на Владата, Димитрис Ѕанакопулос од левичарската СИРИЗА, претходно во текот на денов изјави дека Каменос не изразил каква и да е намера за напуштање на Владата.

Експрес.мк

Коментирај