Камчев распали по СДСМ: На лагата и се кратки нозете

0
1242

Почитувани граѓани на општина Валандово,

Денес,ОО на сдсм-Валандово по задолжение од нивниот центар за ширење на лажни вести,на својата официјална фејсбук страница објави постови полни со лаги и манипулации во однос на моето делување во Собранието на Р.Македонија и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ при гласањето во однос на Законот за минимална плата.Манипулираќи со листингот од гласањето на пратениците по овој закон,тие јавно ме обвинуваат дека не сум гласал за споменатиот закон и “не сум дал поддршка” за зголемување на платите на МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ???Се чувствувам повикан да им објаснам на граѓаните за каква манипулација станува збор.Впрочем,продолжението на вчерашната собраниска седница доцнеше повеќе од 1 час и наместо да продолжи во 15.00 часот после редовната пауза,седницата продолжи дури после 16.00 часот и поради неодложни обврски морав да ја напуштам пленарната сала најмалку половина час пред гласањето.Бидејќи бев пријавен дека сум присутен на почетокот на седницата,покрај моето име на листингот од гласањето стои дека не сум гласал за законот.Згора на се,ОО на сдсм-Валандово обвинува,ќе нагласам,по нарачка од нивниот центар за ширење на лажни вести, дека ВМРО-ДПМНЕ “негодувал и најавувал протести против зголемувањето на минималната плата”,а без присуството и гласањето ЗА на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ,овој закон немаше да биде донесен!
Е ова е ЛАЖЕЊЕ без срам и перде во очи на целата Македонска јавност,почитувани мои сограѓани!Ако внимателно ја погледнете страницата од прикажаниот листинг,може да се види дека ЗА овој закон гласале 6 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ,а НЕ гласал нивниот заменик координатор Диме Велковски кој што исто како и јас чекаше да започне продолжението на седницата во клубот на пратениците.Зарем и тој беше против донесувањето на Законот за минимална плата? Најголемиот број од граѓаните на општина Валандово многу добро ме познаваат,без разлика на нивната партиска,етничка и верска припадност,а исто така многу јасно ги препознаваат шарените лаги на нашиот политички противник!
КАКВИ И ЛАГИ ДА СМИСЛИТЕ НЕМА ДА СЕ СПАСИТЕ ОД ГОЛЕМ ПОРАЗ НА НАРЕДНИТЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

Коментирај