Камчев до Лино Червар: „Ти можеш да му носиш вода на Вардар”

0
2144

Во моментите кога Вардар го слави најголемиот успех во својата историја, се случи „низок удар”, и тоа токму од човек за кој малку беше веројатно дека ќе реагира на таков начин.

Станува збор за Лино Червар, актуелниот тренер на Металург, и до пред извесно време дури и селектор на Македонија.

Имено, за медиумите во неговата Хрватска, Червар даде една помалку дискутабилна изјава во која се пофали дека е тој човекот што ги измислил новитe европски шампиони, сега дел од Вардар, играчи како Борозан, Циндриќ, и Марсениќ.

Оттаму и револтот од страна на Вардар, од Јордан Камчев, кој беше дел од експедицијата на Вардар на фајнал-форот во Келн.

„Господине Лино Червар, вие сте добар тренер, но само за екипи како Металург, Барселона и ПСЖ, кои можат да му носат вода на Вардар.

Исто така, ти си добар да му ги земаш парите на Минчо Јорданов, и да му продаваш вили на Хвар. И на тебе, и на сите такви како тебе, треба да ви биде јасно дека Вардар е институција, Вардар е европски шампион, Вардар е Македонија. И тоа дека Сергеј Самсоненко за сите вас е крал”- порачува Камчев.

„Вие може само да сонувате ваков клупски успех каков што го направи Вардар. А лично вие треба да се помирите со тоа, и пред се, спортски да честитате, како што тоа го направи вашиот клуб, а најмалку што треба да правите во овој момент е да се фалите, да се китите со заслуги и успеси на некој друг клуб”- му порача Камчев на Хрватот.

Превземено од rsm.mk / Sportmedia.mk

Коментирај