Калин Ивановски ја освои титулата на Зимското отворено првенство на Македонија до 14 години

0
770

Надежта на македонскиот тенис, 13-годишниот Калин Ивановски ја освои титулата на Зимското отворено првенство на Македонија до 14 години кое викендов се оддржуваше на терените на ТК Југ во Скопје, пишува Македонски Спорт.

Ивановски е еден од нашите најталентирани млади тенисери, нешто што го докажа во ноември, кога го освои и „Тен Про“ турнирот во Ница, во организација на „Муратоглу“ академијата на долгогодишниот ментор на Серена Вилијамс, Французинот Патрик Муратоглу.

Коментирај