Калајџиев: Запрена истражна постапка не може да се продолжи со подоцна донесен закон

0
461

Како најтешки прашања што се предмет на преговорите остануваат прашањето за истрагите поведени по истекот на 18 месеци и одново отвореното прашање за допуштеноста на прислушуваните разговори како доказ во постапката. Двете овие прашања се впрочем излишни затоа што тие воопшто не се регулираат со Законот за Јавното обвинителство, туку се прашања што се уредени со Законот за кривичната постапка (ЗКП), пишува во својата колумна за порталот Нова Гордан Калајџиев, професор на катедрата по кривично право на Правниот факултет во Скопје и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и додава:

Од друга страна, ако една истражна постапка треба(ла) да биде запрена (тука е спорно правното мислење на Врховниот суд), таа не може да (се) продолжи со еден закон донесен подоцна. Уште поизлишно е повторното оспорување на доказите од „бомбите“, откако овие по една сериозна правна дебата конечно беа прифатени во судската практика. Нивното исклучување со овој закон не само што не е соодветно од номотехнички аспект и со сигурност ќе ја намали ефективноста на СЈО во докажувањето на криминалот и корупцијата, туку речиси сигурно ќе создаде проблеми и во врска со нивното користење во тековните постапки на СЈО пред судовите.“

Според Калајџиев, ако гледаме стратешки, недоаѓањето до компромис може да го закочи донесувањето на овој закон, а изгледите Катица да биде реизбрана во септември се мали, што значи дека непотребно се ризикува СЈО целосно да „зариба“ доколку таа не биде реизбрана и со тоа да се загрозат сите започнати постапки.

Се заборава дека целта кон која стремиме се квалитетни закони и закони кои ќе решаваат проблеми а не да создаваат нови. Оттука, притисокот законот да се донесе вака како што е предложен, по секоја цена во име на добивање датум за преговори со ЕУ е фарса. Впрочем, целта која е поставена пред нас е владеењето на правото во практика, а не некаков лажен и силуван правен илузионизам со носење закони заради носење закони! Оттука, единствен логичен компромис е едноставно симнување на овие исилени решенија со што би се овозможила вин-вин ситуација, потенцира професорот Калајџиев и подвлекува:

„СЈО ќе продолжи непречено со работа, а започнатите случаи со овој закон ниту ќе се сопрат ниту (може) по сила на овој закон да продолжат, туку ќе се разрешат согласно ЗКП и судската практика. Имено, ЗКП предвидува можност дури и запрени постапки да може да продолжат доколку има нови докази.“

Целата колумна на Нова може да ја прочитате тука.

Колумна на Гордан Калајџиев

Извор:република.мк

Коментирај