Калајџиев: Сите знаат за капацитетот на Јанева и Јовановски, затоа постои тоа сомневање дека не го сториле Рекетот сами

0
463

Далеку сме од цела разврска за случајот Рекет, а овој случај е важен сегмент и поради СЈО и неговото функционирање. Што се однесува до Бојан Јованосвки – Боки13 тоа ќе трае во врска со постапките со неговата невладина. Но, сепак знаете какво е судството кај нас предметите одат на повеќе инстанци и тоа трае и трае, рече професорот Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.

Според него сега може само да се суди за пресудата, а и истата треба да ја видииме писмено.

-Вообичаено судијата треба да се осврне на клучните работи, а ние слушнавме опис, а ништо за клучните докази. Мора да ја почекаме пишаната верзија на пресудата. Многу работи се нејасни на пример што правеле на 40 рочишта кога не добиле ништо за главните факти, рече професорот.

Во контекст на кажувањето на Јовановски дека барајте ги парите од Рекет кај Вице и Зоран Заев, Калајџиев укажа дека не е чудно.

-Сите знаат за капацитетот на Јанева, а и на Јовановски, затоа постои тоа сомневање за нив дека можеле да го сторат тоа сами. Има предмети слични во кои се спомнува поранешен премиер, но тука не е СЈО, ниту Јанева , рече Калајџиев.

Тој укажа дека и рекол на Јанева дека е глупаво да се слика со такви личности како Јовановски и слично, зошто беше јасно кој е сопственик на телевизијата.

Боки 13: Ова е политичка пресуда, парите рекетирани барајте ги кај Вице и Зоран Заев (ВИДЕО)

Заев: Боки 13 лаже дека јас ги земав парите од „Рекетот“

Калајџиев: Заев имаше идеја, ама се покажа дека нема трпение за реформи – поради дневно политичките потреби немаше време за експерти

Коментирај