Kакво време не очекува денеска

0
244

Студено, облачно и на места со врнежи од снег или дожд.

Вакво време не очекува последниот работен ден од оваа седмица.

Метеоролозите најавуваат дека слаби врнежи претежно од снег ќе има во западниот крај и во источниот регион.

За разлика од вчерашното, ова утро ќе биде потопло а минималната температура ќе има вредност помеѓу -2°С и 1°С.

Максималната температура воглавно ќе има вредност помеѓу 2°С и 4°С низ најголем дел од котлините во северниот и западниот кра,а во гевгелиско – дојранскиот до околу 7°С.

Скопје денес времето ќе биде претежно облачно со мали услови за снег утрото а температурата ќе достигне максимални 4°С

Коментирај