Какво е чувството да возиш Bugatti Type 35

0
762

Аргентинската компанија Pur Sang ги произведува единстените реплики на култниот автомобил од средината на 20-тите години од минатиот век, Bugatti Type 35. Основачот на фирмата Енцо Бугати го конструира првиот модел на овој редок автомобил во 1924 година. Бугати произведува само 300 автомобили од овој модел и денес е речиси невозможна мисија да се открие ваков оригинален автомобил.  Дури и да постои неговата цена би била во десетици милиони долари. Kомпанијата Pur Sang на манијаците на тема олд тајмери им ја нуди можноста, да разберат какво е чувството да возат спортска кола од времето на Прохибицијата во Америка. Тие нудат изнајмување на своите реплики, а исто така и ги продаваат. Цената не е за секого. Задоволството да го купиш овој „диносаурос“ на спортските коли чини 250 илјади долари.

Коментирај